Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешно издание на Меѓународниот турнир во кошарка „20 години КК Колибри“ (Фото)

Охрид, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од успешно издание на Меѓународниот турнир во кошарка „20 години КК Колибри“, кој во категориите девојчиња и момчиња, генерации М12, М14 и М16, се одржа од 19-ти до 22-ри јуни 2023 година во Охрид.

За убавината на кошарката сведочеа повеќе од 200 деца од Република Србија, Албанија и Република Македонија.

– Најуспешни во своите категории беа екипата на Нова Варош од Србија У 16-жени, во конкуренција У14 жени, првото место го освои екипата на МЗТ Скопје, во категорија У 14 мажи, првото место припадна на екипата на „Елите Баскет“ од Албанија и првото место во категорија У12 го освои екипата на КК „Колибри“ од Охрид. Во категорија младинци У16, пехарот замина во рацете на екипата на Декса од Прилеп. Посебен момент беше ревијалниот натпревар кој се одржа помеѓу старите членови на КК „Колибри“ и дел од тренерите на турнирот, заедно со младинците на екипата на Декса од Прилеп, информираат организаторите.

Додаваат дека овој турнир ги собра сите симпатии на учесниците и веќе со неговото свечено затворање започнуваат со подготовки за следната сезона.

– Ние како клуб ќе се насочиме овој турнир да постане традиционален и да биде спортска увертира во летната туристичка сезона. Посебна чест и задоволство ни претставуваше поддршката од Општина Охрид, од нашите спонзори и од родителите на нашите „Колибриња“. Најголема благодарност испраќаме за тренерите Весна Балазоска- Милошевиќ, Викторија Рибароска- Лазароска, Исмаил Даут и Драгослав Лихванцев. потенцираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука