Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Манастирот „Свети Кузман и Дамјан“ во селото Опеница, денеска ќе се одржи 8. издание на Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“.

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Република Македонија.

Истата е во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука