Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Трето издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023”

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала „Билјанини извори“ денеска ќе се одржи третиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“, во организација на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец.

На натпреварот учество имаат пријавено 24 клубови и околу 200 учесници од Македонија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Можеби е илустрација на текст

– Од 09:00 часот во сабота почнува натпреварот тул и спаринг. Свеченото отворање на турнирот ќе биде во 15:30 часот од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, а предвидени се обраќања на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков или претставник од општина, како и претставници од генералните спонзори. Натпреварот го организираме според сите највисоки светски ИТФ стандарди, дата база, електронско судење. Благодарност до „ПН Метал“, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид, вели претседателот на Македонската Таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски.

Влезот на натпреварот за сите љубители на спотот ќе биде бесплатен, се’ со цел да имаат можност да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука