Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Најбрзата ајкула на светот снимена кај Закинтос, елате си Охрид, нема(Т) ајкули (Видео)

Закинтос, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кога одиме на море, првата мисла секогаш ни е плажа, сонце, уживање… Сепак има и многу опасности, кои се потенцијална закана за нас.

На социјалните мрежи кружи снимка која докажува дека сепак треба да бидеме внимателни. Видеото кое е објавено на TikTok покажува голема ајкула, снимена пред само два дена, на 22-ри јуни 2023 година, на околу три километри од брегот на Закинтос.

Како што пренесува Гардијан, рибарот Јанис Геладас, кој ја објави снимката на мако со кратка перка, позната и како најбрзата ајкула на светот, а за локалното радио ЕРТ Закинтос изјавил дека „воопшто не била агресивна“, туку пливала покрај чамецот „мирно како делфин“.

Грчките медиуми јавуваат дека овој вид е забележан во Медитеранот после десет години


Охриѓани на шега порачуваат:

– Елате си Охрид, нема(Т) ајкули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука