Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за дожд попладне и температура до 26. степени

Охрид, 25. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука