Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кабел во Градскиот парк потенцијална опасност за шетачите и велосипедистите (Фото)

Охрид, 25. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кабел во Градскиот парк, во непосредна близина на делот со реквизитите за деца, подолг период наназад претставува потенцијална опасност за шетачите и велосипедистите.

Истиот е паднат на височина помалку од 2 метри и може лесно да се дофати со рака, а претставува потенцијална опасност, особено за велосипедистите.

– Може некој да не го забележи и да се повреди, особено за оние кои поминуваат со велосипеди на овој дел. Подолго време е вака, неколку недели сигурно, велат граѓани на Охрид во допис до OhridPress.

Апелираат да се затегне или отстрани, затоа што станува збор за кабел засилен со челична жица, се’ во насока да не дојде до несакани повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука