Здравје Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Шешиќ: Терапиите во „Валео“ помогнаа многу за успесите на ГРК „Охрид“

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите и во текот на јуни соработуваат со најуспешните. Центарот за физикална терапија „Валео“ и ракометарите на ГРК „Охрид“ заеднички до подобро здравје и повисоки спортски резултати.

Дејан Шешиќ, денес бек, кој после Франција и Словенија, ги брани боите на нашиот ГРК Охрид.

– Имав проблеми со препоните, по што клубот ме испрати во „Валео“. Задоволен сум од терапијата. „Валео“ центарот помогна многу за успесите на клубот, вели Дејан.


Од „Валео“ порачуваат дека за нашите најдобри ракометари обезбедиле третирање на повреди, физикална терапија и комплетна рехабилитација.

– Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.

Додаваат дека во текот на јуни се спроведува посебна кампања со дел од најдобрите ракометари на ГРК „Охрид“, за промоција на спортот, здравиот начин на живот и секако бенифитите кои ги има овој вид терапија.

Центарот се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818 или на нивната страна на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука