Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските аеромоделари најдобри на Државното првенство во воздухопловно моделарство во категоријата гуменици

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските аеромоделари продолжуваат да нижат успеси. Тие беа најдобри во категоријата гуменици на Државното првенство во воздухопловно моделарство за 2023 година, кое викендов се одржа на спортскиот аеродром „Мало Коњари“ кај Прилеп.

– Аеро клубот „Охрид“ во состав Климент Масин, Анастас Божиновски и Петар Цветановски беа најдобри во категорија воздухопловни модели – гуменици. Анастасија Пожарска апсолутен победник во категорија едрилици и за јуниори и за сениори. Коста Стојановски од Аеро Клуб „Скопје“ беше најдобар во категорија воздухопловни модели – качувачи, информираат организаторите.

Дополнително, охриѓанецот Петар Цветановски го освои третото место во класата Ф1А сениори.

Воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп е победник во генерален пласман, пред Аеро клуб „Охрид“ и Аеро клуб „Скопје“.

Аеро клубот „Охрид“ продолжува со успесите и традицијата од далечната 1980 година. Клубот има освоено голем број награди, како на државни, така и на меѓународни првенства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука