Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Насилство во ноќен клуб во Охрид, три лица од Скопје и скопско физички нападнале охриѓанец и му го одзеле возилото

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Б.М. од скопското село Горно Врановци, 22-годишниот А.А. од Арачиново и 29-годишниот Н.С. од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

– Тие, на 25.04.2023 година, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во ноќен клуб во Охрид, физички го нападнале Д.Т. од Охрид по што Б.М. со пиштол го удрил во пределот на главата и, му го одзеле неговото моторно возило, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука