Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јуни 2023 година, во периодот од 18:00 до 24:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници во Охрид, затекнале и санкционирале еден моторциклист кој управувал мотор под дејство на алкохол како и три моторциклисти кои не користеле заштитен шлем-кацига, од кои 2 во Охрид и 1 во Кичево. Истовремено, затекнати се 51 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 16 во Охрид, 18 во Струга, 13 во Кичево и 4 во Дебар, кои се соодветно санкционирани, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18