Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Утре ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд проследен со појава на грмежи. Во петок краткотрајно ќе биде сончево и стабилно, а температурата ќе започне да се покачува. За време на викендот повторно ќе биде нестабилно во попладневниот дел од денот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука