Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Уникатно доживување за публиката приредија хоровите учесници на 5-от Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ (Фото)

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Воодушевена публика, долги аплаузи, впечатливи изведби, задоволни учесници, ваква беше атмосферата синоќа на јубилејното петто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од градскиот мешан хор Vox Lychnidos.

Уникатниот амбиент во црквата Св.Софија во комбинација со впечатливите изведби придонесе за уште едно уникатно доживување за публиката. Диригентот на охридскиот хор Бурим Хидри повеќе од задоволен од нивниот настап, но и одличното претставување на хоровите од Кикинда и Врбас од Србија, Феризај од Косово и од Битола, за достојно одбележување на петгодишниот јубилеј на фестивалот.

Со ова хорот Vox Lychnidos заокружи уште една хорска сезона, вткаена во повеќегодишната успешна хорска приказна, со бројни настапи низ Македонија, но и надвор.

Во октомври планираат да учествуваат на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора, а во ноември на фестивал во Темишвар, Романија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука