Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Генерацијата 1974/75 во сабота слави 30 години од матура: За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод 30 годишнината од матура на генерацијата 1974/75, кои матурирале во 1993 година, се организира прослава во сабота, на 1. јули 2023 година, во ресторанот „Ана Марија“, во населбата Рача.

– Почетокот е закажан за 20:00 часот, а потоа забавата ќе продолжи во ноќниот клуб Rebel. Прославата се однесува за сите средни училишта од Охрид: ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Економско, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Угостителско, информираат организаторите.

Билетите се продаваат во ограничен период, од понеделник 19-ти, до денеска, четврток 29-ти јуни 2023 година, во продавницата „Домино“, во малата скалеста зграда, на булевар „Туристичка“ бр. 36, на пресекот со улицата „Даме Груев“ од 10:00 до 20:00 часот.

– За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас, порачуваат организаторите.

За сите подетални информации во врска со прославата, сите заинтересирани можат да се информираат во продавницата „Домино“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука