Промоција на книга за пловните објекти и веслањето низ историјата од Здравко Тупаре
Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 1-ви јули ќе биде промовирана книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.
Тупаре е хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.
Промоцијата ќе се одржи во кафе барот „Босфор“ во охридската чаршија од 12:30 часот. Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |