Забава Избор

Оваа сабота b2b настап на Iceberg и Yuxell во клуб Rebel

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со b2b настапот на Dj Iceberg & Dj Yuxell, во сабота, на 1-ви јули во клуб Rebel.

Dj Iceberg е еден од највлијателните Dj-и во Македонија со сериозна кариера зад себе, во која има настапувано рамо до рамо со имиња како John Digweed, Sasha, Carl Cox, Satoshi Tomiie, Dave Seaman, Dubfire (Deep Dish), Hernan Cattaneo и многу други. Редовно настапува во најдобрите клубови и фестивали ширум државата, но и во Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Бугарија.

Dj Yuxell близу четири децении искуство зад микс пултовите на најдобрите клубови во Охрид, Македонија, но и многу пошироко. Човекот кој важи за врвен музички селектор и едукатор на голем број генерации локални Dj-и. Со истенчен сенс за ритам, вистинска песна во вистинско време, интеракција со публиката и беспрекорна техника. Има и сопствено радио шоу „Colors Of Freedom“ на охридското Супер радио, секој петок од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден е паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука