Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука