Струга, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 3-ти јули 2023 година ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ.
Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково.
– Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, потенцираат од МАСМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18