Забава Избор

SUPER Fresh music: Steve Kroeger & Skye Holland – Dreams

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Песната „Dreams“ од албумот „Rumours“ од 1977 година на легендарните Fleetwood Mac важи за една од поубавите песни на сите времиња и веќе има доживеано повеќе реизданија од познати музичари од целиот свет.

Едно од поинтересните и секако најновото е она на Steve Kroeger, кој ја ангажираше Skye Holland со нејзиниот прекрасен глас да ги испее вокалите.

Совршена песна за почеток на некоја убава, топла летна вечер, како најнов сингл на канадските музичари кои веќе имаат повеќе од 1.000.000 месечни следбеници во Spotify. Ги паметиме и по одличните синглови „Home“, „Find Our Way“ и „Lie“, а секако и по нивната верзија на култната „Running Up That Hill“ која веќе има над 4 милиони стримови.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука