Забава Избор

„Многу барам“, нов летен хит за Теа Трајковска (Видео)

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Многу барам“ е најновото дело од музичката лабораторија на Лазар Цветкоски, со кој младата и супер-талентирана пејачка Теа Трајковска се подготвува за бројни настапи ова лето.

– Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам“ ми е една од омилените песни кои сме ги направиле, вели Теа.

Ова лето за неа ќе биде работно со бројни настапи ширум државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука