Охрид/Струга, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот В.Г. од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
– Тој, на 8-ми јуни 2023 година, околу 22:30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија, упатувал вербални закани, а потоа и физички ги нападнал, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 52