Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

На сила летниот режим, забрана за сообраќај на камиони на магистралниот пат А2 Скопје-Охрид-Скопје во одредени интервали

Скопје/Охрид, 1. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска, 1. јули до 31. август 2023 година, на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај.

Се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури.

Како што информираат од АМСМ, забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука