Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Бурно деноноќие – омаловажување на полицајци, повреди при работа, нарушен јавниот ред и мир…

Охрид, 1. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите од последното издание на полицискиот Билтен сведочат за бурно деноноќие на територијата на СВР Охрид.

На 30-ти јуни 2023 година, во 18:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59-годишниот Т.Ј. од охридската населба Рача, при изведување работни активности во дворното место, паднал од скали и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

На 30-ти јуни 2023 година, во СВР Охрид пријавено е дека, 58-годишниот О.Р. од селото Рајце, Република Албанија, се повредил при изведување работни активности – сеча на дрва во месноста „Руен“, во атарот на струшкото село Франгово. Тој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде сe констатирани тешки телесни повреди.

На 30-ти јуни 2023 година, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 45 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид 22, Струга 10, Кичево 10 и Дебар 3).

На 1. јули 2023 година во 04:30 часот, во СВР Охрид приведен е 39-годишниот А.М. од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во полицискиот Билтен е поместена и информацијата од 280ми јуни 2023 година, кога во 19:45 часот, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу 73-годишната В.Б. и 45-годишната В.Н., двете од Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука