Забава Избор

Niall Horan го објави третиот студиски албум „The Show“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Mузичарот и автор Niall Horan го претставува своето трето студиско издание наречено „The Show“, како и спотот за насловната песна на албумот во режија на Connor Brashier.

Албумот го одразува созревањето и креативниот развој на изведувачот по претходно објавениот „Heartbreak Weather“ од 2020 година.

Horan инспирацијата за новото издание ја наоѓа меѓу музичките достигнувања од 60-тите години на минатиот век, што му дава уникатен и носталгичен шмек на доминантниот алт-поп звук.

По објавените синглови „Heaven“ и „Meltdown“ кои не поминаа незабележани од музичката јавност, Niall претставува уште 8 нови песни од албумот на кој работеше последните три години. За следната година е планирана и голема светска турнеја, па фановите ширум светот ќе имаат можност во живо да ги слушнат неговите најнови хитови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука