Избор Култура Локална самоуправа

Распишан Конкурс за најдобар расказ на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ број 57, со назнака: За Конкурсот за расказ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули 2023 година. Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8-ми август 2023 година.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Доставените трудови не се враќаат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука