Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Нова сообраќајка на стариот пат Охрид-Струга, возило излета од патот кај авто-кампот „Андон Дуков“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат незгодите на регионалниот патен правец Р1208, односно стариот пат Охрид-Струга.

Патничко моторно возило попладнево излета од патот во близна на авто-кампот „Андон Дуков“

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица, а според очевидци причинета е поголема материјална штета.

Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука