Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Се уредува теренот на стадионот „Билјанини извори“ за натпреварот на „Струга Трим Љум“ од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал

Охрид, 6. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со стартот на денешните активности на Градскиот фудбалски терен „Билјанини извори“ започнаа финалните подготовки пред натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.

Нашиот шампион, тимот на „Струга Трим Љум“ ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра во вторник, на 11-ти јули кај Жалгирис, додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на Градскиот стадион „Билјанини извори“, на 18-ти јули 2023 година.

– Како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. За да го постигнеме тоа, од денес до 19-ти јули Градскиот фудбалски терен нема да може да се користи за што им се заблагодаруваме на соработката и разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници, информираат од ЈП „Билјанини извори“ од каде на нашиот фудбалски шампион им посакуваат многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука