Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода кај Рача, повредени четири лица

Охрид, 6 јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јули 2023 година, во 20:30 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Св. Наум-Охрид, кај населбата Рача.

– Патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишнито Д.К. од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од охридското село Пешатни, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник, 26-годишниот М.К. од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука