Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Поради ниската температура на водата во базенот, „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“ започнува во понеделник

Охрид, 6. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради ниската температура на водата во базенот „Атина Бојаџи“ во Охрид, „Летната пливачка школа 2023“ на клубот „Акваспирит“ официјално започнува во понеделник, на 10-ти јули 2023 година.

– Постојано ја следиме состојбата на базенот, односно температурата на водата која во овој момент не надминува 20 степени, што е најниска граница да започнеме со тренинзи. Со најавата за стабилизација на времето, Ве информираме дека веќе од понеделник официјално започнуваме со работа. Одложениот старт на работата на базенот е од технички причини, односно дефект на коритото на базенот кој беше неопходно да се санира. Во нашите објави за уписи ние само пренесуваме информации кои ги добиваме за и околу работата на базенот. Се надеваме, и ќе побараме сезоната на работењето на базенот да биде пролонгирана барем за 10 дена, информираат од „Акваспирит“.

За дополнителни информации сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните 077/703-686 (Славчо) и 078/355-291 (Миле). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука