Забава Избор

Miyatta го промовираше вториот студиски албум „Vida“

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската поп-пејачка Miyatta со солистички концерт, како дел од програмата на „Скопско лето 2023“ во „Куршумли-ан“ во Скопје го промовираше својот втор студиски албум насловен „Vida“.

Со Miyatta на сцената настапија повеќе нејзини колеги, меѓу кои и Валентино Скендеровски, Кире Мирчовски, Горан Гешовски, Ратко Даутовски, Иво Митковски и други.

Гости на Концетот беа Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски и други. На албумот се поместени 13 песни на македонски, српски и англиски јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука