Забава Избор

SUPER Fresh music: The Chemical Brothers – Live Again

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – The Chemical Brothers по пауза од пет години се враќаат со нов материјал.

Откако го издадоа синглот „No Reason“, време е за „Live Again“, со кој се најавува новниот нов, десетти по ред студиски албум, кој доаѓа оваа есен и треба да ја одбележи 30. годишнината од постоењето на бендот.

Вокалот на новата песна е на Halo Maud од Париз, а станува збор за сосема карактеристична песна за нив, со силен ритам и порака.

Последниот студиски албум на дуото беше „No Geography“, од 2018 година, а последниот сингл го издадоа во 2021 година, кога беа актуелни со „The Darkness You Fear“.

The Chemical Brothers вниманието на светската јавност го свртеа со нивниот втор студиски албум „Dig Your Own Hole“ од 1997 година.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука