Забава Избор

Легендарниот клуб „Warehouse“ во Chicago го доби статусот на градска знаменитост

Охрид, 17. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот клуб „Warehouse“ во Chicago успеа да го добие статусот на градска знаменитост, откако се разгори борбата за спас на зградата во која се наоѓа овој култен клуб.

Сите седум членови на Комисијата за знаменитости на Чикаго гласаа за доделување ваков статус на зградата, која се смета за „родното место“ на house музиката.

Претходно, Preservation Chicago, локална група за заштита на архитектурата, покрена петиција „Save the Warehouse!“, која ја потпишаа повеќе од 13 илјади луѓе. Првично отворен на улицата Jefferson Street во Chicago, Illinois, во 1977 година, „Warehouse“ брзо стана жешка точка за сите вљубеници во диско музиката кои танцуваа на музиката на резидент Dj-от Frankie Knuckles.

И во Охрид имаме едно такво култно место, кое за жал секојдневно е на забот на времето и се надеваме дека некогаш ќе се смогне сила и желба да се врати ова култно охридско место за забава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука