Избор Локална самоуправа

Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид

Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид организира:

1. Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.

2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот почнувајќи од 18.07.2023 до 17.08.2023 година.

3. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 15.08.2023 година во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10 часот.

4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука