Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Струга по победа со Жалгирис за мега-пресметка со Галата и долго европско лето!

Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот шампион Струга ТЛ попладнево од 17:00 часот на СЦ „Билјанини извори“ во Охрид ќе се обиде да го напраи главниот чекор кон долго лето до самата завршница во европските квалификации, а за такво нешто им треба денеска било каква победа против фаворизираниот литвански Жалгирис во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Откако успеаа да издржат во Вилнус во меч во кој имаа свои шанси, но имаа и среќа да не загубат, стружани денеска ќе мора да одиграат и подобро од тој меч пред една седмица, ако сакаат да се надеваат на пласман понатаму, кој ќе им донесе мега-пресметка со турскиот великан Галатасарај, но победата е многу повредна зашто им обезбедува најмалку пласман во плејофот за Конференциската лига.

– Не летаме премногу, скомни сме сите во клубот од челниците, па до фудбалерите, зашто свесни сме дека и покрај добриот резултат во првиот меч – сѐ е отворено. Жалгирис има исклучително искуство, 20 пати поголем буџет од нас и од многу аспекти се фаворити. Во првиот меч се виде дека нема голема разлика, се надевам дака ќе биде и сега. Нашата цел е да дадеме максимум. Нема еуфорија кај нас, само сериозност и максимална концентрација, најави Шпетим Дуро, тренерот на стружани.

May be an image of 1 person and text

На Струга ѝ треба било каква победа, дали со еден гол, дали преку продолженија или пенали за да ја исполни својата мисија, но Жалгирис и на првиот меч покажа дека е многу сериозен тим, со сериозен квалитет, иако не дадоа ни еден гол и затаија во завршницата на акциите, благодарение и на извонредната дефанизва што ја одигра македонскиот првак предводена од Сава Радиќ, српскиот стопер кој успеваше да стигне сѐ.

Стружани веќе го распродадоа стадионот во Охрид со влезници по 1.200 денари и се очекува поддршката од публиката да им даде дополнителен ветер во грб на патот кон успехот. (Крај)

извор: Sport 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука