Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Крива Паланка поради коментар на Facebook со кој поттикнувал насилство

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишниот Д.Ј. од Крива Паланка поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, на 22-ри јануари 2023 година, на објава на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со недолична содржина со кој поттикнувал насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука