Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Струга, повредени две лица

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во 00:20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 75-годишниот Џ.Е. од Охрид и патничко моторно возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од прилепското село Обршани.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Фолксваген“, 57-годишната Т.Е. од Република Албанија, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука