Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Тест средби на ГФК Охрид Лихнидос во пресрет на новата сезона

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со неколку контролни средби, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос се подготвуваат за следната натпреварувачка сезона.

Во среда, на 26-ти јули гостуваат во Битола, кај екипата на Пелистер. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Петар Милошевски. Тест средбите ќе ги продолжат во сабота, на 29-ти јули, кога на домашен терен им гостува екипата на Новаци.

Без голови заврши контролниот натпревар со Елбасан, а претходно „рибарите“ беа поразени од Воска спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука