Забава Избор

The Weeknd: Наскоро ќе го објавиме името на новиот албум

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Канадскиот пејач и продуцент, чие вистинско име е Abel Tesfaye, а е светски познат како The Weeknd, го најавува продолжението на албумите „After Hours“ од 2020-та и „Dawn FM“ од 2022 година.

– Го завршувам третиот дел од оваа сага, од оваа трилогија. Името ќе го објавиме наскоро, но нема да се вика „After Life“, како што се шпекулираше, изјави тој за „Variety“.

The Weeknd моментално е на последниот дел од неговата меѓународна турнеја „After Hours til Dawn“, каде што настапува главно на дневна светлина, бидејќи како што вели, му е „полесно да се поврзе“ со обожавателите.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука