Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“

Битола/Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2023 година, во 15:42 часот во СВР Битола, 33-годишната Н.А. од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг, 33-годишниот Л.Ц. и нејзиниот брат, 30-годишниот J.A., сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.

– Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17:30 часот биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк „Галичица“ биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Притоа, тие биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука