Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Креиран Инклузивен Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост

Струга, 25. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Џудо клуб „Дрим Струга“ и „Порака Нова“ Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија, го креираа Инклузивниот Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост, во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All), поддржан од Европската Унија.

– Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи. Во овој прирачник ќе може да се прочитаат информации како џудото може да се направи да биде одличен инклузивен спорт, кои бенефити ги носи овој спорт за лицата со интелектуална попреченост, но и ќе служи како алатка за адаптирани џудо техники и игри, кои сите се снимени и во видео формат, информираат од „Порака нова“.

Сите заинтересирани прирачникот можат да го најдат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука