Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со облачност во утринските часови и температура до 26. степени

Охрид, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Во утринските часови променливо облачно, во западните и во северните делови со услови за локален дожд.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Потоа до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука