Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Советниците ги одржаа 29. и 30. седница

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници денес, една по друга, ги одржаа дваесет и деветтата и триесеттата седница.

На првата седница се разгледуваа и се одлучуваше по 39 точки, дополнети со две нови. Содржината на дневниот ред на денешната работа на советот се однесуваше на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, работата на дел од јавните претпријатија и општинската администрација и донесување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

Втората, триесета седница беше посветена на советнички прашања, на која доминираа теми за работата на ЈП „Охридски Комуналец“ и јавната хигиена во централното градско подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука