Спорт

Барселона се засили со бразилскиот суперталент Жерсон

Барселона, 14.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона успеа да ги обезбеди услугите на бразилскиот суперталент Жерсон, кој во јануарскиот преоден рок ќе му се приклучи на каталонскиот тим.

Освен каталонскиот клуб сериозен интерес за услугите на младиот офанзивен играч за врска, кој настапува за Флуминенсе,покажуваше и Јувентус, но каталонците беа побрзи и постигнаа договор со бразилскиот клуб околу сите детали од трансферот.

Според јужноамерикански спортски експерти, Жерсон во стилот на играта многу потсетувал на Пол Погба, уште еден фудбалер кој се наоѓа на листата желби на управата на Барса. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука