Забава Избор

Дамјан Пејчиноски специјален гостин на настапот на Лозано во Белорусија

Витебск, 14. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Влатко Лозаноски Лозано денеска заминува за Витебск, Белорусија, каде по покана од организаторите на меѓународниот музички фестивал „Славјански Базар“ ќе настапи како гостин во ревијалниот дел заедно со Дамјан Пејчиноски, еден од најдобрите македонски гитаристи.

На овој фестивал, кој важи за еден од најпрестижните фестивали во светот и на кој секоја година учествуваат реномирани пејачки имиња, Лозано учествуваше во 2009. и го освои второто место.

lozano

Годинава освен што ќе настапи во придружба на охриѓанецот Пејчиноски и големиот фестивалски оркестар, тој ќе биде и член на жирито. Интересно е да се спомне дека меѓу учесниците е и Александар Рибак, Евровизискиот победник од 2009 г. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука