Свет

Лафазанис: Германија постапи со Грција како со колонија

Атина, 14. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грчкиот министер за производствени реформи, животната средина и енергетика, Панајотис Лафазанис го нарече проектот за договор на Атина со доверителите “неприфатлив”.

Ова тој изјави AMNA-MPA пред почетокот на седницата на политичкиот секретаријат на СИРИЗА.

– Договорот потпишан со европските институции, се јавува како неприфатлив. Се бара таква радикална партија како СИРИЗА, и влада, која ветува дека ќе се бори со мерките на жестоко штедење и меморандуми, рече Лафазанис.

– Таканаречените партнери, пред сè Германија, постапија со нашата земја како со колонија. Со овој договор тие го укинуваат народниот мандат добиен од владата на референдумот.

Грчкиот министер истакна дека договорот со кредиторите ќе биде прифатен во парламентот со гласовите на опозициските партии. (Крај)

извор: Khatimerini фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука