Во Охрид денес сончево време со умерена облачност попладне и температура до 31. степени
Охрид, 29. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност попладне и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.
– За време на викендов ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа повторно ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |