Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Вечерва мелодична техно вечер со Innēr Sense

Охрид, 29. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат вечерва со мелодична техно вечер со Innēr Sense во клуб Rebel.

Innēr Sense е мелодичен техно проект на Филип Фишер и Нино Челебиќ, познати Dj-и и продуценти од Белград, Србија.

– Споделувајќи ја истата страст, ги собираме нашите идеи, знаење и искуство под едно име, со желба да ги истражиме нејасните патишта на музичкиот свет и пошироко. Треба да го ослободиме нашиот ум и да истражиме нови димензии некаде помеѓу потсвеста и реалноста. Со комбинирање на музиката и уметноста, можеме да нурнеме длабоко во себе, да го прифатиме целиот спектар на нашите чувства и да ги следиме нашите цели слушајќи ги нашите внатрешни сетила. Следете го вашиот Innēr Sense на ова уникатно патување низ музиката и уметноста, велат Филип и Нино.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации +38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука