Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот Билтен: Физички нападната охриѓанка, пожар, пронајдени кокаин и марихуана

Охрид, 29. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Последниот полициски Билтен носи информации за физички нападната охриѓанка, пожар, пронајдени кокаин и марихуана…

На 28-ми јули 2023 година, во 13:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа лоцирана на улицата „130“ во Охрид, од страна на едно лице била физички нападната 29-годишна охриѓанка и уште едно лице. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27-ми јули 2023 година, во 23:35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во штала лоцирана во охридското село Ливоишта, во сопственост на 62-годишно лице од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид.

На 29-ти јули 2023 година, во 00:50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од слобода е лишено 20-годишно лице од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин, додека во неговото возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28-ми јули 2023 година, во 22:50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, лишено е од слобода 27-годишно лице од крушевско. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана и кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука