Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви јули 2023 година, околу 02:00 часот на плажа во близина на Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода лице од Охрид.

– При преглед во возилото марка „Бмв“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и метален грендер со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука