Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 31. степени

Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука