Култура

Промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски

Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридска промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело на Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.

Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија.

Добитник е на наградата „Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија, „Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Horus Macedonia, прогласен е за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022, а лани ја доби и државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 7-ми август во библиотеката „Григор Прличев“ од 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука